Хао Коело Гуимерас има 45 години и три години поминал на улица, без покрив над главата и пристоен оброк. Среќата на Хао се променила кога еден бербер му понудил шишање и кратење на брадата.
„Го прашав дали е гладен и дали сака нешто да јаде. Одби храна и ме замоли да добие еден жилет за да се избричи. Вработените во берберницата дојдоа до идеја да му помогнеме на поинаков начин и ние да го разубавиме“, рекол Алесандро, сопственик на безберницата „UOL“.
Вработените не само што му ја скратиле косата на Хао, туку и го избричиле, му обезбедиле соодветни хигиенски услови за да може да се истушира. Не знаеле дека објавувањето на неговата трансформација на социјалните мрежи ќе го шокира неговото семејство кое мислело дека Хао починал пред 10 години.
„Имаме неколку проекти на социјалните мрежи и сакаме да им помагаме на луѓето. Во овој период кога пандемијата го достигнува врвот, многу луѓе имаат финансиски проблеми. Мала помош во тешки времиња на некои луѓе многу им значи“, рекол Алесандро.
Откако фотографијата од трансформацијата на Хао станала популарна на Инстаграм, неговото семејство останало во шок. На фотографијата го препознала неговата сестра Марија. Таа живее во Бразил и 10 години чекала да слушне вести за него, бидејќи мислела дека е мртов.
Меѓутоа, иако сопствениците на берберницата организирале средба со неговата сестра, тој бил среќен што ја видел, но не сакал да живее кај неа, рекол дека на улица се чувствува слободно.
Сопственикот на берберницата во Бразил не сакал да ја открие причината поради која Хао станал бездомник, но драго му е што повторно на некој начин се споил со семејството.