3 дози од оваа вакцина значајно штитат од омикрон! Научниците открија и дека „бустер“ е главното оружје во борбата против него

Истражувањето ја следи студијата од Јужна Африка која открила дека варијантата oмикрон може делумно да ја избегне заштитата од две дози од вакцината.

Израелските истражувачи соопштиле дека три дози од вакцината Фајзерпротив Ковид-19 даваат значителна заштита од новиот сој на коронавирусот – омикрон.

Google search engine

Откритијата на израелските научници се слични со оние кои оваа компанија ги претстави претходно, а кои укажуваат дека бустер дозата би можела да биде клучназа заштита од инфекцијата со новата варијанта на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Студијата која ја спровеле Медицинскиот центар Шиба и Централната вирусолошка лабораторија при израелското Министерство за здравство, споредила крв од 20 лица кои примиле само две дози од вакцината пред 5-6 месеци, со истиот број на поединци кои примиле трета доза од вакцината пред еден месец или претходно.

„Луѓето кои примиле втора доза вакцина пред 5-6 месеци немаат никаква способност за неутрализација против омикрон. Додека пак имаат против делта сојот. Добра вест е тоа што со помош на третата доза од вакцината заштитата се зголемува за околу сто пати. Постои значајна заштита со третата доза и за зголемување на способностите, а истата е пониска од способноста за неутрализација против делта сојот, околу четири пати“, изјавила за новинарите Гили Регев-Јохај, директорка на одделението за инфективни болести во Шиба.

Израелскиот тим соопштил и дека работел со реален вирус додека пак компаниите користеле тоа што е познато како „псевдовирус“, вештачки вирус кој има карактеристични мутации на омикрон.

- АУДИО РЕКЛАМА -