28 трилиони тони мраз се стопиле за две децении: Што нè чека ако продолжи овој тренд

Рекордни 28 трилиони тони мраз исчезнале од лицето на Земјата меѓу 1994-та и 2017-та година, откриле истражувачите од Универзитетот во Лидс во рамките на глобалното истражување со помош на податоци собрани од сателитите кои кружат околу нашата планета.

Тимот открил дека годишната стапка на загуба на мраз се зголемила за 65 проценти во текот на периодот од 23 години. Забрзаното топење, кое и натаму се влошува, во главно е поттикнато од зголемените загуби на поларните покривки на Антарктикот и Гренланд, пренесува “Daily Mail”.

Google search engine

 

Топењето на мразот предизвикува и растење на нивото на морето ширум светот, го зголемува ризикот од поплави и ги загрозува природните живеалишта од кои зависат дивите животни.

“Иако снегот се топел во сите региони кои ги проучувавме, загубата на ледената покривка на Антарктикот и на Гренланд е најзабрзана”, рекол авторот на истражувањето и научник Томас Слејтер и додал дека ова е прво истражување кое ги проучувало сите површини под мраз на планетата.

Научниците укажуваат дека топењето на мраз во тие количини сериозно ја намалува способноста на Земјата да рефлектира сончева радијација назад во вселената. Мразот исчезнува, а морето или тлото под него впиваат поголема топлина, на тој начин зголемувајќи го загревањето на планетата.

“Во минатото научниците проучувале само одредени подрачја, како Антарктикот или Гренланд, гледајќи колку мраз се топи. Ова е прв пат некој да ја проучи целата површина на Земјата. Тоа што го пронајдовме не остави без текст”, додава Енди Шефард од Универзитетот Лидс.

ПретходнаЖените ја обожуваат, а за мажите е вистински предизвик: Техниката „мачка“ гарантира ерупција во кревет
СледнаШпанците имаат потенцијален лек за коронавирусот