23-годишен Македонец избодел пет лица во Хрватска

Македонски државјанин на 23-годишна возраст пред неколку дена се обидел да убие едно лице, при што тешко повредил четири други во Вараждин, Хрватска.

Како што пренесува „Index.hr“, инцидентот се случил на 28 април во 3 часот по полноќ кога Македонецот со нож избодел врсник, при што му предизвикал внатрешни повреди.

Реклама

„Исто така, основано се сомнева и дека, во истата прилика, со нож им задал убодни рани и расекотини на четворица оштетени и им нанел телесни повреди“, стои во обвинението.

На момчето му е одреден истражен затвор поради опасност да го повтори делото, како и опасност од бегство и влијаење врз сведоците.

Македонецот е обвнет за две казнени дела, а може да добие затворска казна до пет години.

Реклама