23 години е во бегство: Проневерил 350 милиони долари! Полицијата не можеле да му влезат во трага, а пред некоја година бил забележан на бејзбол натпревар

Џон Руфо се смета еден од најбараните бегалци во САД. Тој бил прогласен за виновен за проневера на 350 милиони долари и осуден на 17,5 години затвор, но никогаш не се појавил за отслужување на казната. Околу 13 милиони долари од проневерените пари никогаш не биле пронајдени.

Американските маршали, агенцијата за спроведување на законот која делува во склоп на Министерството за правда на САД, побарале од јавноста да им помогне за идентификување на мажот кој наликува на лицето кое веќе 23 години е во бегство.

Google search engine

Во септември 2016 година истражителите добиле дојава дека Руфо, кој сега има 66 години бил забележан на бејзбол натпревар помеѓу Бостон Ред Сокс и Лос Анџелес Доџерс и дека наводно седел во четвртиот ред зад базата, облечен во сина маица.

Снимката од натпреварот потврди дека мажот наликува на описот на Руфо, а маршалите рекле дека Руфо за последен пат бил виден во 1998 година пред банкомат во Њујорк.

Истражителите успеале да дознаат кој ја купил картата за тоа место, но не и идентитетот на човекот во сината маица. Руфо сега е тема на еден подкаст “Дали го имате видено овој човек?” продуциран од американската телевизиска куќа Еј Би Си Њуз.

Откако бил прогласен за виновен за една од најголемите проневери во историјата на САД, на Руфо му била одредена кауција од 10 милиони долари и издадена наредба да се појави во затвор на 9 ноември 1998 година во сојузната држава Њу Џерси за да почне со отслужување на казната. Тој никогаш не се појавил во затворот, а другиот ден била издадена потерница.

Маршалите откриле дека Руфо на 9 ноември со изнајмен автомобил бил пренесен до аеродромот ЏФК и се верува дека попатно застанал на банкомат и подигнал пари. Ако мажот во сината маица навистина е Руфо, истражителите велат дека тој сигурно користи псевдоним.

“Знаеме дека е вешт со копмјутер и дека сака добри вина, коцкање и убави хотели”, се наведува во соопштението на Маршалот.

“Наводо не е толерантен на лактоза. Руфо бил познат како вешт наратор, некој кој сакал да ја растегне вистината и сакал другите да му се воодушевуваат. Се смета за многу добар манипулатор”, се додава.

Како бизнисмен во Њујорк, Руфо во текот на кариерата стекнал бројни меѓународни познанства. Патувал на Аруба, а бил и многу заинтересиран за Италија. Со оглед на силните меѓународни врски и можност да живее прекуокеански, потерницата била издадена на седум јазици.

Маршалите исто така нудат награда од 25.000 долари за информација која би ги донела до апсење на Руфо.