Владата во Приштина понуди 20.000 евра како награда за оној што дал информации за извршителот на нападот на автобусот во Глоѓан кај Дечани, кога загинаа три лица.
Како што се наведува, полицијата на Косово работи на што поскоро решавање на случајот со нападот на автобус.
Во напад на автобус во Глоѓан во петокот вечерта загинаа двајца студенти и возачот на автобус .
Покрај двајцата смртно ранети ученици, опериран е и третиот средношколец ранет во овој напад и тој е надвор од животна опасност.
Првично како потенцијален мотив за нападот се споменуваше возачот на автобусот, а како причина конкуренцијата на овој автобуски превозник, но таа претпоставка, сепак, не беше потврдена.
Инаку, меѓународните организации на Косово и Метохија, вклучително и американската амбасада, предупредија, како и претходните години, на можноста од терористички напади на Балканот, каде што го вклучија и Косово.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека има се повеќе информации за убиството во Глоѓан , но дека осомничениот се уште е непознат, пренесува Коха.
Курти присуствуваше на погребот на убиените студенти, по што ја посети Полициската станица во Дечани, а потоа заедно со директорот на полицијата Самедин Мехмети им се обрати на медиумите, пренесува Косово онлајн.
Курти потврди дека косовската влада понуди награда од 20.000 евра за информации за расветлување на нападот во автобусот.