(18+) Новата серија на „BBC“ ги изненади гледачите со количината секс-сцени во неа: „Ова не можам да го гледам“

BBC има нова серија, а името ѝ е „Industry“. Гледачите биле изненадени од тоа колкава количина на секс сцени се прикажани во истата.

Па, така тие коментираат дека ликовите, кои што се амбициозни поединци желни за кариера и финансии, помалку време поминуваат во своите одела, а многу повеќе голи.

Ликовите од серијата настанале во копродукција на „HBO“, а истите им испраќаат голи фотографии на своите колеги, имаат сексуални односи во кујна, завршуваат во стриптиз клубови – и сето тоа само во една епизода.

По еден час, колку што трае една епизода, гледачите имале можност да видат неколку секс сцени во серијата, па поради тоа таа го носи името „најсекси серија на телевизија“. Други ја нарекле „порнографија“ и сметаат дека сексуалните сцени во неа премногу се нагласени.

„Ја гледам серијата и се прашувам дали овие луѓе работат. Ги гледам само како зборуваат, водат љубов, се дрогираат и повторно водат љубов. Која е целта на тоа?“, напишал некој гледач.

Друг додал дека сексот преовладува над било каква друга содржина во серијата.

„Можеше да биде серија која што би ја гледал, но ова не можам да го гледам“, додал.

Последната епизода од серијата започнала така што Џасмин правела топлес селфи фотографија која што му ја испратила на својот колега Роберт кој што мастурбирал под туш. Потоа и таа мастурбирала на „жешката“ снимка која што ѝ ја испратил Роберт.

Погледнете го трејлерот: