15 телефони со најиздржлива батерија

Голема моќност на процесорот, голем екран, многубројни апликации, видеа и фотографии, игрите – ја „пијат“ батеријата на телефонот.

Една од важните карактеристики во кои што произведувачите на паметните телефони константно се натпреваруваат е капацитетот на батеријата на нивниот уред.

Google search engine

Познатиот сајт „Tom’s Guide“ кој што долги години тестира и препорачува различни уреди, овие денови објавил своја листа на паметни телефони со најдолго траење на батеријата.

За да ја направат листата, експертите направиле посебен тест во текот на кој во континуитет сурфале на интернет користејќи LTE или 5G сигнал, се додека не останале без батерија.

Просекот на тестирањето на уредите траел околу 10 часа, но некои од уредите успеале да го дадат својот максимум, па така овозможиле сурфање на нив 11 часа.

На врвот на листата се нашол „Motorola G8 Power“, телефон опремен со батерија со капацитет од 5.000 mAh кој што успеал да остане активен повеќе од 16 часа.

Погледнете ја листата:

1. Motorola G8 Power – 16 часа и 10 минути

2. Motorola G7 Power – 15 часа и 35 минути

3. Asus ZenFone 6 – 15 часа и 0.1 минута

4. LG V60 ThinQ 5G – 12 часа и 46 минути

5. Motorola G Fast – 12 часа и 17 минути

6. Motorola G Stylus (Pro) – 12 часа и 13 минути

7. Motorola Edge – 12 часа и 12 минути

8. Samsung Galaxy S20 Ultra – 11 часа и 58 минути

9. iPhone 11 Pro Max – 11 часа и 54 минути

10. OnePlus Nord N10 5G – 11 часа и 48 минути

11. LG G8X ThinQ Dual Screen – 11 часа и 46 минути

12. Motorola Z4 – 11 часа и 31 минута

13. iPhone 11 -11 часа и 16 минути

14. TCL 10 5G UW – 11 часа и 7 минути

15. OnePlus 8 Pro – 11 часа и 5 минути