14 милијарди евра претпристапна помош на ЕУ за Балканот и Турција

Европскиот парламент и Советот на ЕУ постигнаа политички договор за претпристапна помош (ИПА 3), со вкупен буџет од 14,162 милијарди евра за Западен Балкан и Турција, за периодот 2021-2027 година.

Тоа е инструмент што ги поддржува земјите кандидати и потенцијалните кандидати на нивниот пат кон реформите и исполнување на критериумите за пристап во Унијата.

Google search engine

„Овој долгоочекуван договор за нашата амбициозна финансиска помош е позитивен, добредојден и силен сигнал за Западен Балкан и Турција. Договорениот пакет претставува солидна инвестиција во иднината на регионот и го поддржува спроведувањето на клучните политички, институционални, социјални и економски реформи во согласност со стандардите на ЕУ и постепеното усогласување со неговите правила и политики“, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеи.

Во Брисел наведуваат дека ИПА 3 ќе им даде поддршка во наредниот седумгодишен период, на Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Турција, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, ретроактивно од 1 јануари 2021 година.

Нагласено е дека неговото програмирање ќе се заснова на тематски приоритети, а не како досега, на националните рамки на земјите.

„Ова ќе овозможи да се наградат перформансите и напредокот кон клучните приоритети и зголемената флексибилност на земјите на нивниот пат кон пристапувањето кон ЕУ“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Комисијата вели дека ИПА 3 ќе се фокусира на стратешко и динамично распоредување на помошта, а приоритет ќе бидат- владеењето на правото и почитување на основните вредности, зајакнување на демократските институции и реформата на јавната администрација, промовирање на реформите за економско управување и конкурентност.

Политичкиот договор постигнат помеѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ, врз основа на предлог на Европската комисија, ќе биде преточен во законски текст, пред ЕУ да го започне официјалното усвојување на ИПА 3.

Според Брисел, усвојувањето на инструментот се очекува на есен.

ПретходнаНова студија открива: Консумирање на витаминот за кој се веруваше дека ќе го намали ризикот од Ковид-19, нема да ве заштити доволно
СледнаЕУ започна да ги воведува ковид-пасошите, Израел се откажа, а најверојатно и Велика Британија