11 апликации под лупа: Тајно собирале податоци од корисниците – проверете дали ги имате на вашите телефони

Сајбер-експертите предупредиле на 11 „Android“ апликации кои тајно ги добивале информациите од корисниците, како на пример телефонски број, електронска пошта и GPS.

Откритието се препишува на компанијата „AppCensus“ поради тоа што укажала на проблематичните SDK датотеки. Споменатата апликација презела 46 милиони корисници од официјалната „Google Play“ продавница.

Google search engine

Интересно е тоа што апликациите помагаат во читањето на QR кодовите, слушањето музика или прикажувањето временска прогноза, пренесува „PC Mag“.

Компанијата „AppCesus“ го објавила сознанието на официјалниoт блог и го известила „Google“ кој ги отстранил насловите од онлајн продавницата.

Сега апликациите повторно се достапни за преземање, но без проблематичниот SDK. Поради тоа важно е да ги ажурирате, доколку од претходно ги имате на вашите уреди.

Ова е списокот на апликации:

1. Al-Moazin Lite (Prayer Times)

2. WiFi Mouse (Remote control PC)

3. QR & Barcode Scanner

4. Qibla Compass – Ramadan 2022

5. Simple weather & clock widget

6. Handcent Next SMS-Text w/ MMS

7. Smart Kit 360

8. Al Quran Mp3 – 50 Reciters & Translation Audio

9. Full Quran MP3 – 50+ Languages & Translation Audio

10. Audiosdroid Audio Studio DAW – Apps on Google Play

11. Speed Camera Radar

 

 

 

 

 

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.