Министерството за одбрана на Украина во четвртокот на својот официјален профил на Твитер објавило фотографии и имиња на руски војници за кои тврди дека извршиле воени злосторства во Буча.
Министерството во објавата навело дека станува збор за „десет сурови убијци“ од 64. бригада: каплар Андреј Бизјајев (33), офицер Сергеј Пескарев (24), каплар Дмитриј Сергиенко (27), офицер Григориј Наришки (30), наредник Никита Акимов (25), каплар Михаил Кашин (24), офицер Василј Књазјев (24), офицер Алберт Раднајев (24), поручник Вјачеслав Лавренцев (29) и каплар Семјон Малцев (26).
„Единицата е наградена за ѕверствата кои ги изврши и е вратена на фронт. Правдата за воени злосторства е неизбежна“, навело Министерството во објавата.
Според последните информации, бригадата и натаму се бори на територијата на Украина.
Имено, Омурбеков е унапреден во бригадир и покрај фактот дека војниците со кои командувал се обвинети за мачење, групно силување и стрелање на цивили.
По неговото унапредување, бригадата била упатена во Донбас, едно од најопасните бојни полиња во Украина.

Аналитичарите тврдат дека претседателот на Русија, Владимир Путин намерно ги пратил на фронтот за да им се изгуби секаква трага, бидејќи така никогаш нема бидат натерани да сведочат за злосторствата кои наводно ги извршиле.
Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова вчера рекла дека Украина нема да се откаже додека тие не бидат изведени пред лицето на правдата.
Според нејзините зборови, откако руските трупи се повлекле од областа околу Киев, се појавиле извештаи дека повеќе од 400 луѓе биле мачени, осакатени и убиени во Буча.
„Некои извештаи велат дека таму се извршени и масовни силувања“, рекла обвинителката.
Покрај тоа, се верува дека на 64. бригада во текот на делувањето во Буча поддршка и пружале платеници од групата Вагнер.
Инаку, Украина смета дека победа над 64. бригада би имала голема симболика, како што имало потопувањето на рускиот брод „Москва“.