10 најбезбедни држави за живот во 2020-та година – повеќето се во Европа

Анализата покажала дека најмирољубивите нации се оние кои што имаат моќна валута, голема количина храна која што ја одгледуваат, пониска каматна стапка, политичка стабилност, но и лично чувство за среќа.

Институтот за економија и мир направил анализа на 163 држави ширум светот и територии во кои што живеат 99.7 отсто од популацијата за да ги избере најмирните места за живот.

Листата е направена врз основа на: социјалната сигурност, количината внатрешни и меѓународни немири и стапка на милитаризација.

Веќе 10 години по ред титулата за најмирна земја на светот ѝ е доделена на Исланд. Во државата која што брои 365.000 жители и која што нема своја војска. Тие имаат ниска стапка на злосторства во земјата, висока стапка на вработеност, импресивен образовен систем.

Речиси 97 отсто од жителите се вбројуваат во средна или висока работничка класа. Тие исто така брзо реагираа и на првиот бран на коронавирусот и ги затворија своите граници за да го намалат ширењето на вирусот.

Нов Зеланд се најде на второто место на листата, а на третото место е Португалија која што го надминува просекот на индустријализирани земји по број на жители, рамнотежа на приватниот и професионалниот живот, лична сигурност.

Инаку, најголемиот број на држави кои што се наоѓаат на оваа листа се европски. Покрај Исланд и Португалија, на листата се наоѓаат и Австрија, Чешка, Данска и Швајцарија. Шестото место е резервирано за Канада, седмото за Сингапур, а на деветтото се наоѓа Јапонија.

10 најсигурни држави за живот за 2020-та година:

1. Исланд
2. Нов Зеланд
3. Португалија
4. Австрија
5. Данска
6. Канада
7. Сингапур
8. Чешка
9. Јапонија
10. Швајцарија 

Top