Исаура од „Преспав“ објави фотографија од голите гради со моќна порака до сите жени

Македонската актерка Емра Куртишова која што ја толкува улогата на Исаура во хумористичната серија „Преспав“, а со која што и се прослави, привлече големо внимание во јавноста со фотографијата која што ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, таа објави фотографија на која што лежи на кауч и прави самопреглед на своите гради и потсети дека месец октомври е месец на борбата против ракот на дојката.

„Октомври, месец на борба против ракот на дојката“, напиша Емра покрај споделената фотографија.

 

На самата фотографија има и текст, на кој што пишува:

„Блиску до себе. Чекор три... Прегледајте ги градите додека лежите, користејќи ја десната рака за проверка на левата града и обратно! Правете кружни движења со дијаметар од околу два центиметри“, стои на фотографијата.

Top