Заработува милиони со убоди од најсмртоносните инсекти на планетата!!!

Доколку некогаш сте се занимавале со креирање на содржини за некоја социјална мрежа, тогаш секако знаете дека чудни работи можат да привлечат огромна публика...

Популарноста на Јутјуб зависи од неколку фактори, друштвени интеракции, нови идеи и слично. Тука на сцена настапува Натаниел „Којот“ Питерсон кој е познат и како „King of Sting“. Како што открива неговиот прекар, Питерсон заработува милиони така што им дозволува на најсмртоносните инсекти да го каснат. Опасните инсекти се во ранг од мравка-куршум па се до ултра смртоносниот стршен „Polistes carnifex“. 

 

Можеби ви делува чудно што еден човек го одбрал ова за свое занимање, но неговиот канал наречен „Brave Wilderness“ на Јутјуб има повеќе од 3,6 милијарди прегледи, што докажува дека дефинитивно постои пазар за се. Во некои од неговите видеа, Натаниел се витка од болки и вреска, а потоа ги покажува своите рани и изобличени убоди поради отровите од разните инсекти.

 

Од 2014 година, Јутјуберот направил кариера од оваа приказна, па сега има повеќе од 17,5 милиони следбеници. Проценките велат дека на месечно ниво од онлајн огласувањата заработува 294.000 долари, додека неговите најпопуларни видеа се прегледани повеќе од 57 милиони пати. Доколку сте пречувствителни или имате страв од инсекти, ви препорачуваме да се „држите понастрана“ од овој канал.

Top