Драма во автобус: Момче без маска влегло во возилото и почнало да кашла! Еден од патниците физички го нападнал

Носењето маска во јавен превоз стана задолжително во повеќето земји ширум светот, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Едно момче влегло во автобус во Њујорк без заштитна маска, а откако се искашлало, настанала вистинска драма.

Снимката од момчето кое се искашлало во полн автобус во Њујорк е објавена на ТикТок и предизвикала големо внимание кај корисниците на оваа социјална мрежа. 

Имено, бидејќи во полниот автобус секој од патниците носел маска, на повеќето им засметало што момчето не сакало да го почитува тоа правило.

Ситуацијата кулминирала кога момчето почнало да кашла, после што следела одмазда од останатите патници во автобусот, кои со здружени сили го нападнале и го исфрлиле од истиот.

 

@king_meena1

New Yorkers really don’t care wear your mask or get tf off ##wearmask ##newyork ##coronavirus ##nyc ##brooklyn ##bus

♬ original sound - king_meena1

Во вербален напад на ова момче учествувале повеќе патници, еден човек дури и физички го нападнал, а тој бил и оној кој го 'спровел' од седиштето до излезната врата на автобусот.

Откако снимката се појавила на социјалните мрежи, повеќето луѓе биле на страната на оние кои го исфрлиле несовесното момче од автобусот. 

Top