Руски доктор по медицински науки ја објаснува разликата помеѓу грип и коронавирус

Специјалистот доктор забележал дека инфекцијата коронавирус може да се појави кај луѓето на многу различни начини.

„Болеста Ковид-19 кај човекот, како правило, не почнува со зголемена телесна температура“ - изјавил докторот по медицински науки Андреј Тјажељников.

Според неговото мислење, наглиот скок на телесната температура е една од основните одлики на обичниот грип.

„Доколку забележите дека телесната температура нагло се зголемува до 40 степени, покрај тоа ги имате и сите останати други симптоми, како што е на пример омалаксаноста, тогаш тоа најверојатно е грип“ - смета рускиот доктор.

Кај коронавирусот најчестите симптоми се губењето на сетилото за мирис и вкус.

Специјалистот исто така забележал дека коронавирусот кај човекот може да се појави на различни начини.

„Оваа болест до крајот не е проучена. Видовме апсолутно асимптоматски пациенти на кои што сериозно им беше оштетено белодробното ткиво, а видовме и луѓе кои што беа сериозно болни, но немаа воспаление на белите дробови“ - навел докторот. 

Top