Ја тужел компанијата која му давала 16.150 евра месечно за да не работи ништо!?

Антоан Зенон имаше „работа од соништата“. Тој не работел ништо и добивал 16.150 евра месечно. Единствено што требало да стори е да дојде на работа секое утро како извршен директор на компанијата „Лафарж Холчим“ и да си оди дома во вистинско време, и тоа е тоа. А што би правел за тоа време, да излегува да шета или да спие на работа или да гледа филмови, тоа е негов избор.

Кога Лафарж ја објави прераспределбата на персоналот во 2015 година поради спојувањето со Холцим, Зенон се надевал дека ќе добие огромна сума од 2 милиони долари како отпремнина. Тоа не се случи, па тој ја тужи фирмата. Од компанијата му кажале дека нема право да учествува во програмата, а тоа го потврдија судиите во Франција, трипати.

Апелациониот суд во Париз пресуди дека Зенон не може да ги добие парите наменети за социјалната програма, затоа што тој веќе прифатил трансфер на работна позиција во Сингапур. Зенон побара околу 2,1 милиони евра. За да се избегне судски спор на суд, „Лафарж“, според пресудата, му исплатил надоместок од 16.195 евра бруто месечно, со одредбата дека не морал да биде ангажиран на ниту една работа.

Top