Прошетал гол низ градот само со маска на половиот орган за да ги исмее властите

Гол маж на себе ставил само заштитна маска на половиот орган, па во петокот прошетал по лондонската улица Oxford.

Додека мажот ноншалантно шетал по популарната улица, половиот орган го покрил само со заштитна маска, а случајните минувачи го фотографирале или пак само бегале од него.

Набрзо се дознало дека станува збор за Јутјуберот и некогашен судија во емисијата „Ninja Warrior“, Тим Шиф.

На неговиот Јутјуб канал се појавила и снимка од неговиот потфат.

Имено, заштитните маски од петокот треба задолжително да се носат во трговските центри низ Англија, а британските медиуми пишуваат дека Шиф на овој начин сакал да го исмее тоа правило.

 
 

Инаку овој Јутјубер на својот профил промовира вегански начин на живот:

„Доколку не живеете со божјите правила, болеста ќе ве најде, со маска или пак без неа“ - гласи последната објава на неговиот Твитер профил.

Top