Која маска е најефикасна во спречување на ширење на коронавирус

Во време на пандемијата постои дебата за потребата од носење маски. Експертите и докторите советуваат да се носи маска за лице во јавност и при комуникација со лица надвор од домот, а многу истражувања ја покажуваат нивната ефикасност во намалувањето на ширењето на коронавирусот.

Метју Стејмејтс, инженер на Националниот институт за стандарди и технологија во САД, користел техника за фотографирање честички што не се видливи со голо око и камера за забавено снимање за да го демонстрира движењето на честичките во воздухот додека зборуваме, дишеме и кашламе.

На неговото видео прецизно се покажува како маските го намалуваат ширењето на вирусите преку воздухот, како што е коронавирусот. Видеото покажува дека без маска, при кашлањето, зборувањето и дишењето директно се испуштаат заразените честички со различни брзини и на различни дистанци.

Од друга страна, маската го забавува исфрлањето на честичките при кашлањето, зборувањето и дишењето и ја намалува далечината на која се исфрла вирусот - од 2 метра на околу 30 сантиметри.

Ефективноста на маската за лице зависи и од видот на маската. Стејмејтс искористил марама и три различни видови маски за лице за да покаже која заштита е поефикасна во спречувањето на заразувањето.

 

 

Извор: boredpanda.com

Top