Дали авантурата на Илон Маск ќе влијае на милиони луѓе: „Таму се крие нешто многу опасно, а тој сака да ни го донесе на Земјата“

И државните агенции, но и приватниот сектор напорно работат за да испратат луѓе на планетата Марс, а милијардерот Илон Маск планира луѓето да ги испрати на „Црвената планета“ во 2024-та година.

Бидејќи NASA и технолошкиот претприемач Илон Маск планираат да ипратат луѓе на Марс во наредните неколку години, кои по таа мисија би донеле примероци на Земјата, научниците предупредуваат дека тоа би можело да биде потенцијално опасно, и дека би предизвикало пустош и евентуално нова пандемија.

Д-р Бери Дигрегорио, истражувач од Бакингемскиот центар за астробиологија, ја повикал NASA примероците од Марс да ги испитува надвор од нашата планета, на пример во лабораторија на Месечината.

„Луѓето од NASA кои што се залагаат за примероци од планетата Марс да донесат на Земјата, не ги разгледале можностите дека тие организми би можеле да ја пореметат нашата органска рамнотежа, еднаш кога би се нашле на нашата планета“ – објаснил тој за „Daily Star“, инсистирајќи на тоа дека исходот би можел да биде непредвидлив.

„Кај оние кои што се ЗА носење примероци од Марс на Земјата, изедначено е незнаењето со недостатокот на совест за опасноста која што може да следи“ – изјавил тој.

 

„Доколку тие имаат аминокиселини слични на оние на Земјата и доколку би сакале исти мали соединенија на кислород, тогаш организмите на Земјата би можеле да бидат атрактивни за исхрана“ – изјавил Дигрегорио, прецизирајќи дека би било подобро претходно да ‘се проучи било каков живот на планетата Марс’.

„Доколку ги донесат од Марс, најмалку што можат да направат е да ги испитуваат во специјално дизајнирани простории со биоизолација на Месечината, пред да ги испратат на Земјата“ – заклучил тој.

Top