Како ќе изгледа снимањето во Холивуд? Актерите не сакаат да се бакнуваат со своите колеги, а се укинуваат и љубовните сцени

Како што пренесуваат светските медиуми, Холивуд наскоро би требало да добие нови членови во нивниот тим – советници за вирусот Ковид-19.

Имено, пандемијата ги натерала продуцентите и синдикатите да побараат стручна помош, затоа што потребно е сетовите повторно да бидат отворени, но и безбедни.

Тимот, во кој што поголемиот дел од луѓето на планетава сакаат да учествуваат, повеќе нема да биде составен само од фризери, шминкери, камермани – туку и епидемиолози и други експерти.

Како ќе изгледа работата во иднина?

Се очекува тимовите да бидат помали, како и тоа дека тестирањето на коронавирусот ќе биде задолжително. Кога сме веќе кај тоа, треба да се спомене и еден детаљ кој што одекна во светот.

Аманда Блументал, која што има задача на актерите на сетот да им создаде сигурно опкружување, изјавила дека актерите повеќе не сакаат да се бакнуваат со нивните колеги на снимањата.

Овој став беше актуелен дури и пред воведувањето на вонредната состојба. Слично е и на Тајланд. Филмската индустрија исто така добила индикации повеќе да не се снимаат љубовни сцени.

 

Работното опкружување во Холивуд се менува на повеќе начини: за сцените во кои што е потребно да учествуваат многу луѓе, ќе биде користена компјутерски генерирана фотографија.

Инаку, со затворањето на луѓето во домовите и престанувањето на работата на кината, филмската индустрија во САД претрпела енормни финансиски губитоци.

Во текот на оваа седмица, во план е отворање на филмските сетови во земјите како што се Јужна Кореја, Австралија, Шведска и Нов Зеланд.

Top