(0 гласови)
Како што пренесуваат светските медиуми, Холивуд наскоро би требало да добие нови членови во нивниот тим – советници за вирусот Ковид-19. Имено, пандемијата ги натерала продуцентите и синдикатите да побараат стручна помош, затоа што потребно е сетовите повторно да бидат отворени, но и безбедни. Тимот, во кој што поголемиот дел од луѓето на планетава сакаат да учествуваат, повеќе нема да биде составен само од фризери, шминкери, камермани – туку и епидемиолози и други експерти. Како ќе изгледа работата во иднина? Се очекува тимовите да бидат помали, како и тоа дека тестирањето на коронавирусот ќе биде задолжително. Кога сме веќе кај…
(0 гласови)
Фотографирањето на жените под нивните здолништа станува сè поголем проблем, но многумина и понатаму се прашуваат што сакал полскиот „LG“ да порача со ова видео. Дали „LG V60“ е идеален телефон за сексуалните предатори? Кога се трудат за нивната реклама да се слушне што подалеку, тогаш тоа изгледа како во новото промотивно видео за „LG“ паметните телефони, поточно нивната дивизија во Полска. Сакајќи да се доближат до помладата публика, на Тик Ток објавиле видео во кое што постар маж очигледно ја фотографира девојката под нејзиното здолниште додека таа се искачува по скалите. Девојката во еден момент го забележува тоа, му го одзема…
(0 гласови)
Животното за кое што се веруваше дека е изумрено, снимено е во националниот парк на северо-истокот од кинеската провинција Џилин. Снимката на која што може да ја видиме ретката бела срна, настанала на 5-ти април во текот на набљудувањето на паркот, а експертите подоцна утврдиле дека станува збор за албино примерок од овој вид животно. Фенг Лимин, заменик директорот на центарот за истражување на сибирски тигри и амурски леопарди, изјавил дека срната со вообичаена жолтеникава боја е честа, но оние со бела боја на кожа се многу ретки и се како последица на генетското пореметување – албинизам. An albino Siberian roe deer was captured by…
(0 гласови)
Филмот за расправиите во сообраќајот „Unhinged“, во кој главната улога ја толкува Расел Кроу, ќе биде првиот кој што ќе се прикаже на големото платно, откако кината ширум светот беа затворени. Премиерата треба да биде одржана на 1-ви јули во САД. Авторите на филмот сметаат дека неговото прикажување ќе биде показател како работите во иднина ќе течат во филмската индустрија која што поради пандемијата коронавирус доживеа голема штета. Марк Гил, претседател на компанијата „Solstice Studios“, во чија продукција е снимен „Unhinged“, вели дека е охрабрен од анкетите од чии резултати се гледа дека луѓето се желни повторно да почнат да…
(0 гласови)
Американската актерка Мишел Фајфер (62) на сцената е присутна неколку децении, а иако врвот на кариерата го доживеа пред речиси 30 години, оваа холивудска убавица очигледно не старее. Без оглед на тоа што има 62 години, таа и понатаму е една од најубавите актерки во Холивуд, а во последниот филм „Maleficent: Mistress of Evil“ во кој што глуми со Анџелина Џоли, покажала колку нејзината убавина може да се спореди со некои од помладите актерки. Мишел глумеше во многубројни холивудски хитови, а едно време паузираше од големите екрани за да се посвети на своето семејство и да се грижи за децата.   Актерката…
(0 гласови)
Под средновековниот полски замок би можело да биде сокриено над 10 тони нацистичко злато, пренесува британскиот портал „Daily Mail“, повикувајќи се на истражувачите од полско-германскиот фонд „Слешки мост“. Станува збор за 28 тони злато, кое веројатно е сокриено на територијата на замокот Хохберг во Вроцлав. Се наведува дека таму би можело да бидат сокриени и скапоценостите на богатите Полјаци, кои што морале да се предадат на единицата на Хитлер како последица на Црвената армија во текот на 1945-та година. Експертите сметаат дека дошле до информации за тајното место на скапоценостите проучувајќи го дневникот на офицер од СС. Дневникот го напишал…
(0 гласови)
Колумбиската трансродова манекенка, Дана Султана, која е родена како маж, а се претставува како жена, на социјалните мрежи споделила фотографии со својот сопруг Естабан Ландрау, кој е роден како жена и моментално е во осмиот месец од бременоста. „Љубовта е љубов“, ја започнала Дана својата исповед на Инстаграм, каде ја следат 219 илјади корисници. Бебето го зачнале по природен пат, бидејќи двајцата ги задржале органите со кои се родени, пренесуваат локалните медиуми. Естабан неодамна имал болки и мислел дека ќе се породи порано од предвиденото, но во болница го увериле дека неговите симптоми се сосема нормални. Објавиле и дека ќе станат родители на момче кое…
(0 гласови)
Едно е сигурно – симбиозата на човекот и машините никогаш досега не била поблиска. Што носат мозочните импланти со себе доколку сето тоа се реализира и дали тоа е патот кон напредокот или пак пропаст? Милијардерот Илон Маск најави дека тестирањето на мозочните импланти за поврзување на човечкиот мозок со компјутерите ќе се тестира кај луѓето за помалку од една година. Експертите тврдат дека употребата на мозочните импланти, која што се интегрира во мозочното ткиво, пред сè треба да послужи за враќањето на подвижноста, видот, способноста за говор и сетилото за слух кај луѓето кои што ги изгубиле. Од друга страна, Маск тврди…

primer 8

Top