Сите го користиме овој зачин, а опасен е по нашето здравје – еве што му прави на нашиот организам

Без солта поголем дел од луѓето не можат да го замислат својот оброк, но со овој зачин навистина треба да бидете умерени.

Солта е неопходно да се внесува во нашиот организам, но доколку се претера со нејзината употреба тогаш може да се направат одредени компликации во организмот.

Еве што се случува доколку внесуваме поголема количина сол во организмот:

Вишокот сол во телото се врзува со водата во крвта, правејќи ја крвта погуста, а потоа тоа ја отежнува нејзината циркулација, затоа што срцето мора да „пумпа“ побрзо и посилно. Како последица се појавува зголемен крвен притисок.

Сето тоа може да довведе и до срцев удар, деменција и проблеми со бубрезите.

How much salt does it really take to harm your heart?

Артериите се задебелуваат, што може да биде особено опасно доколку веќе се запушени. Зголемениот притисок може да предизвика и ангина пекторис, а во тој случај до срцето нема да стигнува доволно кислород.

Претераното внесување сол во организмот исто така влијае и на мозокот, затоа што циркулацијата е ослабната, што со текот на времето доведува до деменција и други болести.

Доколку многу јадете солена храна, а препишана ви е терапија со диуретици, тогаш треба да имате предвид дека таа ќе го намале ефектот на лековите.

Поради собирањето вода во организмот исто така може да се појави и оток на лицето. Најчесто се појавуваат подочници кои што на лицето му давааат изморен изглед.

Top