Речиси сите ја јадете оваа храна на празен стомак, а тоа не е добро бидејќи ...

Брзиот начин на живот доведе до тоа да повеќето од вас во утринските часови без размислување, да застанете во некоја пекарница, или "на нога" да испиете кафе, јогурт или свеж овошен сок. За жал, ниту една од овие опции нема корисен ефект врз телото. Овде ви наведуваме листа на 10 најлоши намирници што не смеете да ги консумирате на празен желудник.

Лиснато тесто

 

Лиснатото тесто содржи големи количини на квасец, што предизвикува надуеност.

Слатки

 

Слатките го зголемуваат нивото на инсулин во крвта, што го оптоварува панкреасот кој "кој само што се разбудил." Оваа навика со време може да доведе до појава на дијабетес.

Јогурт и други ферментирани млечни производи

 

Желудочната киселина ги убива "добрите" бактерии во овие намирници, што значи дека вашето тело има мала корист од нив.

Круши

 

Грубите влакна во ова овошје може да ја оштетат чувствителните цревна слузокожа доколку се конзумира на празен стомак.

Домати

 

Доматот содржи големи количини на танинова киселина, со што се зголемуваат киселините во желудникот. Оваа навика со време може да доведе до формирање на чир.

Краставици и друг зеленчук

 

Краставицата и другите зелени зеленчуци се богат извор на аминокиселини, кои може да предизвикаат надуеност, жиговина и болки во стомакот.

Банани

 

Ако тие се консумираат на празен стомак, во вашето тело ќе се случи ненадеен скок на магнезиум во крвта, што негативно влијае на здравјето на срцето и крвните садови.

Зачини

 

Зачините може да ја оштетат слузокожата на желудникот и да предизвикаат зголемено лачење на желудочна киселина.

Засладени газирани пијалоци 

 

Тие ја оштетуваат слузокожата на желудникот и го намалуваат протокот на крв во овој орган, што влијае на бавно варење на храната.

Цитрус 

 

Тие се богати со овошни киселини, кои можат да предизвикаат жиговина. Оваа навика со тек на време може да го зголеми ризикот од гастритис и да доведе до формирање чир на желудник.

Top