Ова никако не го правете после јадење

После јадењето обично сакаме да го опуштиме каишот, да изедеме овошје, малку да прошетаме или да легнеме да поспиеме. Нема да ви се верува, ама сето ова не е препорачливо да се прави после јадење.

За некои работи кои ги правиме после јадење, а за кои сме убедени дека се добри за нас, се докажало дека грешиме. А еве и зошто.

Пушење

Пушачите обично сакаат да запалат цигара после јадењето. Цигарите секако не ги препорачуваме, но после јадење е посебно опасно. Бидејќи, како што тврдат експертите, ако запалите цигара веднаш после оброкот му правите штета на организмот како да сте запалиле 10 цигари одеднаш. Ризикот од рак на гради е зголемен. Исто така, пушењето влијае и на влошување на синдромот на дебелото црево.

Прошетка

Иако ова е еден од најчестите совети, прошетката после јадењето и не е така добра за вас како што сте мислеле. Ако веднаш тргнете во прошетка, дигестивниот систем нема да биде во можност да ги обработи и да ги „апсорбира“ сите хранливи состојки од храната која ќе сте ја јаделе. Најдобро е да почекате барем половина час после јадењето па потоа да тргнете во прошетка. Нема да имате стомачни проблеми, а прошетката убаво ќе ви дојде.

Овошје и чаеви

Ако после ручекот или вечерата веднаш „се фрлите“ на овошјето може да дојде до појава на надуеност. Овошјето нема „да може да дојде на ред“ за варење. Почекајте час или два, па потоа јадете овошје.

Чаевите се феноменални и одлични за варењето, но не и веднаш по оброкот. Тие содржат полифеноли и танини, кои ја отежнуваат апсорпцијата на железото. Ова е посебно лошо за оние кои имаат недостаток на железо, обично за децата и за трудниците. Направете си чај еден час после јадењето.

Туширање и спиење

Многу луѓе после работа ручаат, одат на туширање, па на попладневна „дремка“. Меѓутоа, ова е многу лош потег. Ако се туширате веднаш по ручекот, крвта ќе почне посилно да циркулира во нозете, рацете, прескокнувајќи го стомакот, а тоа може да го ослабе дигестивниот систем. Почекајте 30 минути после ручекот или вечерата.

Дремењето после ручек не е добро, бидејќи така ќе го забавите варењето. Може да дојде до непријатно чувство во устата и во грлото, но и до ‘рчење. Спијте 2 часа после јадењето.

Најдобро после јадењето да седнете минута-две, полека да ја исчистите масата, да се подготвите за прошетка (во тоа ќе ви помине веќе препорачаниот половина час) и излезете надвор и прошетајте.

Top