Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го зајакнува имунитетот

Египќаните со причина ја нарекувале алое верата “билка на бесмртноста”. Поради високата содржина на витамини и минерали, таа поволно влијае на работата на целиот организам.

Алое верата е многу лесна за одржување, па така секој од нас може да ја одгледува во својот дом. 

Благодарение на бројните лековити својства, оваа билка е важна во фармацевтската и козметичката индустрија.

Бројни истражувања покажале дека консумирањето на сок од алое вера има значајно влијание на состојбата на организмот. Ова растение помага во контрола на шеќерот во крвта, придонесува за зајакнување на отпорноста и имунитетот на организмот, а делува и како природно средство за нега на кожа.

 

Сокот од алое вера содржи над 200 хранливи состојки и изобилува со витамини и минерали. Калциум, бакар и натриум, магнезиум, калиум и цинк, витамин Ц, Б и Е како и фолна киселина – сето тоа се наоѓа во само еден лист на оваа билка.

Една чаша сок од алое вера содржи 9 грама витамин Ц, а добро е познато дека овој витамин е важен за општото здравје на организмот, здравата функција на имунитетот и синтезата на колаген.

Еве зошто е добро да го консумирате овој напиток:

- ги решава дигестивните проблеми како опстипација

- го хидрира организмот

- ја регулира концентрацијата на шеќер во крвта

- делува антивоспалително

- делува поволно на здравјето на кожата

- го зајакнува имунитетот

- ги лекува акните

- го подобрува здравјето на непцата

- го поттикнува растот на бели крвни зрнца и здрави клетки кај лицата заболени од рак

- го зајакнува срцето и ја прочистува крвта

- го подобрува здравјето на уринарниот тракт

- го намалува воспалението предизвикано од артритис

Начин на припрема на сок од алое вера:

Исечете и измијте еден лист алое вера. Потоа пресечете го листот на половина и со лажичка извадете го гелот од внатрешноста на листот. Гелот ставете го во блендер и добро измешајте, а потоа растворете две кафени лажички гел во една чаша вода.

 

Остатокот од гелот можете да го ставите во сад и да го чувате во фрижидер до 7 дена.

Се препорачува консумирање на сокот во утринските часови или 2 до 3 часа пред спиење. Исто така може да се пие 20 до 30 минути пред јадењето за организмот да може да ги искористи сите витамини и минерали пред консумирање на храна.

Top