Руски доктор тврди дека ова е најопасната намирница и ги уништува цревата, а ја консумираме секој ден

Рускиот доктор Виктор Хрушчов, автор на книгата за подмладување преку исхрана, смета дека еден од поголемите проблеми на денешницава е лебот.

Сите знаеме дека лебот не е ист ‘како некогаш’ и дека пченицата со која што се прави е преработена, а во неа има сè  повеќе глутен. Но, тоа не е единствениот проблем – еве што вели Хрушчов:

„Го исклучив од својата исхрана (и исхраната на неговите пациенти) ‘современиот леб’. Работата е во тоа што, доколку јадеме леб со квасец, квасецот доспева до нашата крв, почнува да се размножува, ги консумира нашите витамини, микроелементи, белковини. Истовремено тој лачи продукти од своето живеење – токсини.

 

Односно квасецот е паразит во нашиот организам. И затоа модерниот леб сметам дека е еден од најлошите изуми на човештвото“.

Тој наведува дека квасецот при печење влегува во ‘капсула’ од глутен, а во цревата се ослободува, ја оштетува слузокожата и ја нарушува нормалната микрофлора во цревата.

„Тој не паразитира само во нашите црева, туку живее во нашата крвна плазма и слободно се размножува. Ова може да заврши со различни видови интоксикации, габични заболувања, нарушување на имунитетот, што може да доведе до хронични болести и туморни процеси.

Дури и доколку престанеме да јадеме модерен леб со квасец, по пет години нашиот организам целосно ќе се исчисти“.

 

Зошто денешниот квасец е толку штетен?

„До 40-те години на 20-от век се користел квасец од друг вид. Тој бил антагонист на човечката симбиотичка микрофлора, односно не ги убивал корисните бактерии кои што живеат во дебелото црево, но тестото нараснувало за 24 часа, што не им одговарало на пекарите.

За да го забрзаат процесот, луѓето почнале да користат друг вид квасец, кој официјално се смета за ‘условно патоген микроорганизам’, т.е. таков кој што предизвикува болести при одредени услови. Станува збор за термофлин квасец со кој тестото нараснува за само еден час“ – заклучил докторот.

primer 8

Top