Правила за здрав живот на Дејвид Агус, најпознатиот холивудски доктор кој го лекуваше Стив Џобс

И покрај фактот што неговиот број 1 клиент почина на 56 години, Агус не е виновен за тоа: дури ни тој не успеал да го убеди каприциозниот и бескомпромисен Стив Џобс да го оперира канцерот од кој боледувал.

Дејвид Агус создал листа од правила до кои треба да се придржувате доколку сакате да живеете долг и здрав живот: 

1. Кофеин – кафето или чајот се пијат еднаш до два пати дневно. Меѓутоа, целосното отфрлање на овој стимуланс е повеќе штетно отколку корисно бидејќи кофеинот е одличен стимуланс на нервниот систем и е исклучително корисен во мали дози.

 

2. Насмевка – самата насмевка, дури и без причина, го поттикнува телото да ослободува ендорфин и серотонин во мозокот – хормони кои се најдобар “лек против болки” за секојдневниот стрес.

3. Одбегнувајте напорни тренинзи – на телото му е доволно 15-минутно оптоварување каде пулсот се зголемува за 50 отсто од вообичаениот ритам. Тоа можете да го постигнете и со одење по скали до вашата канцеларија.

4. Следете го бројот на отчукувања на срцето, физичката активност и притисокот.

5. Денови на риба – консумирајте најмалку три рибни оброци неделно, а најдобро е да консумирате црвена риба: лосос, харинга или пастрмка.

6. За вечера испијте чаша црвено вино – виното е добра превенција за кардиоваскуларните болести и болестите на крвните садови.

 

7. Консумирајте магнезиум и рибино масло – тие се одлична превенција од мозочен и срцев удар.

8. Не заборавајте да појадувате!

9. Често менувајте ја постелнината – тоа е важно!

10. Носете само удобни чевли.

11. Пешачете од 1 до 3 километри дневно.

12. Пијте смути – тоа ќе ве наполни со витамини.

 

13. Јадете вистинска храна: месо, а не колбаси; риба, а не конзервирана храна, зеленчук, а не готови салати.

14. Не купувајте и не пијте куповни сокови.

15. Бидете позитивни – тоа навистина функционира.

16. Внимавајте на изгорениците од сонце.

17. Избегнувајте изложување на Х зраци, особено на работа.

18. Молете се секој ден!

Top