Исчистете го вашето тело од никотинот. Овие намирници го регенерираат вашиот организам

Брз и здрав начин пушачите да го исчистат нивното тело од никотинот е да јадат што повеќе здрави намирници. Кога ќе ги оставите цигарите на вашиот организам му е потребно повеќе време за да се регенерира.

Ова се намирниците кои ќе ви помогнат во забрзување на тој процес:

Зелен чај

Со пушењето телото ги губи своите потребни течности и организмот многу почесто доаѓа до ситуација да дехидрира. Со пиење на голема количина домашна, витаминска вода: два литри вода со една лажичка изрендан ѓумбир, една краставица, лимон и 12 ливчиња нане и зелен чај преполн со антиоксиданти, ќе го исчисти никотинот.

 

Спанаќ

Фолната киселина многу е важна за нормален развој и работа на телото, но исто така му помага на телото да се ослободи од никотин. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат токму во спанаќот.

 

Брокули и зелка

Освен што овој зеленчук содржи полифеноли кои се покажуваат како корисни за намалување на разни воспаленија во системот за варење, тие исто така содржат голема количина на витамини А, К, Ц, Б кои се главни прочистувачи на телото.

 

Киви, лимон, портокал

Освен водата, никотинот од телото ги исфрла и витамините А, Ц и Е кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот да се борат против разни инфекции и бактерии. За да ги надополните изгубените витамини тогаш треба да внесувате киви или пак да пиете по една чаша лимонада. Сокот од портокал исто така го хидрира телото и му ги обезбедува потребните витамини, но истовремено го чисти организмот од никотин.

Top