Протеинот кој ја предизвикува депресијата е всушност и клучот за нејзино лекување

Според податоците на Светската здравствена организација, депресијата сè повеќе погодува млади лица и тоа повеќе од 300 милиони луѓе на светот. Во најлоши случаеви депресијата може да доведе и до самоубиство.

Иако е нормално повремено да чувствувате тага или да бидете ожалостени поради одредени ситуации, депресијата претставува нешто сосема друго. Таа може да доведе до низа емоционални и физички проблеми кои ја намалуваат способноста за функционирање на луѓето, како на работа така и дома. 

Симптомите вклучуваат чувство на интензивна тага, која трае долго време, потоа незаинтересираност за секојдневните активности, предизвикува главоболка, потешкотии и проблеми и со сонот и несоница.

 

Депресијата може да се лекува, но многу е важно да се разговара со стручно лице за да се одбере најдобрата терапија базирана на симптоми, медицинска и семејна историја на болести, културолошки фактори и опкружувањето.

Поголемиот дел од антидепресиви се создадени претпоставувајќи дека депресијата се јавува поради тоа што на депресивните луѓе им недостига серотонин и норадреналин. Лековите го прилагодуваат нивото на овие два невротрансмитери.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Хирошима, беше објавено во магазинот Неуросајанс и засновано е на однесувањето на протеинот RGS8. Тој го контролира рецепторот MCHR1, кој го регулира сонот, исхраната и расположението.

Истражувањата утврдиле дека RGS8 го деактивира тој рецептор во култивираните клетки, отвара пат кон пронаоѓање на нови лекови за поефикасно лекување на депресијата дури и кај најтешките случаеви.