Изгубила 8 килограми за еден месец без изгладнување и вежбање – нејзината тајна може секој да ја примени

Австралијанката Адел Барбаро (35), мајка на две деца, успеала да ослабне речиси осум килограми за само четири недели така што се откажала од нездравата храна и вино пред спиење, а нејзиниот организам се подмладил за дури осум години.

Барбаро објавила фотографија на која се пофалила со новата витка фигура додека во рацете држела две големи кеси со компири кои тежеле онолку килограми колку што таа изгубила. 

“За четири недели, две полни кеси компири помалку”, напишала таа во објавата.

Адел по многу пораки на социјалните мрежи, конечно открила која е тајната на нејзиниот успех.

“Бев презаситена од сè и секогаш се ставав себеси на последно место. Секогаш ветував дека ќе започнам со диети, а како што проаѓаа деновите, имав сè помалку мотивација да бидам упорна во тоа. Јадев лоша храна, многу пиев, не вежбав и немав доволно сон. Кожата ми беше во лоша состојба и се чувствував лошо. Го прескокнував појадокот, а јадев обилни ручеци и вечери кои ги заливав со вино”, изјавила мајката на две деца.

Но, потоа ѝ се случило нешто неочекувано – нејзините хормони во целост почнале да “дивеат” откако престанала да дои. Таа почнала да се дебелее, а потоа конечно одлучила да ги земе работите во свои раце и да го промени планот на исхрана.

До крајот на првиот месец успеала да изгуби 7,8 килограми и 10 отсто од телесните маснотии со што биолошки се подмладила за осум години. Од 74 килограми, Адел стигнала до 66 килограми.

“За појадок јадам омлет, ручам говедско кари, за ужина земам протеини, а за вечера припремам тајландско пилешко. Доколку не можам да одолеам, знам да се почестам со чизкејк”, опишала Адел.

Таа го ограничила внесот на алкохол на една чаша вино неделно, а нејзината цел е да стигне до 65 килограми.

 

Top