Протекоа невидени фотографии од принцот Вилијам и непозната русокоса, Кејт ја нема никаде во близина...

Британските медиуми објавија фотографии кои што јавноста досега немаше можност да ги види, а на нив е принцот Вилијам кој што е во алкохолизирана состојба во друштво на непознати девојки, додека пак неговата драга Кејт не била на видното поле.

Британските медиуми ги објавија фотографиите на кои што принцот Вилијам игра и се забавува со русокоса девојка во сексапилен аутфит, откако испил неколку чаши текила и вотка.

 

Според „Daily Mail“ овие фотографии настанале во околу 3 часот наутро, а во позадина се слушала песната од „Billie Jean“ од Мајкл Џексон, а Вилијам изгледа како да не му е грижа за ништо во моментот. Со него бил и негов пријател, а сето тоа се случувало во подрумот на лондонски К бар.

Откако Вилијам морал да го „преболи“ разводот на своите родители и да ги исполни очекувањата покрај кралската должност, неговото име се поврзувало со многу жени како и развратнички ноќи во текот на 2017-та година.

 

Додека 25-годишниот Вилијам уживал во танцот, држејќи ја партнерката околу половината и не тргнувајќи ја насмевката од лицето, во близина никаде не била неговата драга Кејт со која што тогаш бил во врска пет години.

„Мислам дека додека со некој се гледаш толку многу време, дека многу добро го познаваш. Поминувате заедно нив добри и лоши работи. Луѓето од таквите ситуации може да излезат само посилни“, изјавила Кејт во интервју.

 
Top