Ја дискриминираат затоа што е премногу убава!?

Австралиската кралица на убавината вели дека често ја дискриминираат бидејќи е многу привлечна и тврди дека работодавците ја преиспитуваат нејзината компетентност бидејќи шминката и е совршена.

Марија Татил е инфлуенсерка и модна блогерка од Мелбурн која минатиот месец е прогласена за овогодишна Мис Универзум Австралија. Освен што има повеќе од 65.000 фанови на Инстаграм, Марија е и студент по психологија и дипломиран експерт за човекови ресурси, а сега сака да стекне талент за да се кандидира за во влада. 

За "News.com.au" Марија проговорила за предрасудите кои луѓето ги имале кон неа поради добриот изглед, како во текот на студиите, така и во професионалниот живот.

"Дури и кога одев на пракса, кога ја започнував кариерата, дека морам да бидам многу фина кон луѓето, бидејќи сум убава па поради тоа ќе помислат дека сум препотентна", рекла таа. "Всушност, тоа ми го кажа постара жена и беше многу обесхрабрувачко".

View this post on Instagram

How can you not beam with this exquisite piece of art in your hands? Privileged to represent my country wearing a Crown that does exactly that so beautifully. Being united with this Crown after a virtual Final was special. @stelios_jewellers partnered with renowned Indigenous artist @djurandi_dreaming to create a piece that serves as a tribute to our First Nations people. As a woman who prides herself on belonging to a multicultural society enriched by our powerful, rich First Nations history and culture - I cannot express the pride I feel wearing a Crown that honours the traditional owners of the land we live on. @missuniverseaustralia.official - thank you for the honour. Thank you @msfionabyrne for the wonderful chat (as always), @robleeson for the laugh and the great shots - and Mr Scott and the team at @sofitelmelbourneoncollins for their hospitality. Hair by @caterinadibiase at @headingouthair Dress @onsboutique (@lovenookie) Watch @christianpaulwatches #MissUniverse #Missuniverseaustralia

A post shared by MARIA THATTIL (@mariathattil) on

27-годишната девојка исто така се сеќава дека еден менаџер ја коментирал количината на шминка која ја носела, но и дека премногу се грижи за својата облека. Исто така, се потсетила дека еден колега и кажал дека веројатно ја добила работата само затоа што им се допаѓа на директорите како изгледа - иако за таа работа разговара со жена, и тоа телефонски.

Beauty queen says she's discriminated against for being too attractive |  Metro News

Марија, која е родена во Австралија, од родители индиски мигранти, рекла дека, иако нејзиниот изглед се вклопува во моменталните стандарди за убавина, доживеала дискриминација и поради својата националност.

Марија рекла дека планира да ја користи својата титула Мис Универзум Австралија за да зборува за тие проблеми.

Вели дека е свесна дека има одредени привилегии бидејќи исполнува одредени општествени идеали, поради што и чувствува одговорност да зборува за тие прашања.

Top