Поранешната сопруга на славниот пејач: Импотентен е и со месеци не се тушира!

Поранешната сопруга на Фил Колинс, Оријана Севеј, на суд тврдела дека пејачот смрди затоа што со месеци не се капел и дека е импотентен.

Севеј во понеделникот во Мајами ги предала документите на суд обвинувајќи го својот сопруг дека се откажал од нивниот договор според кој требал да ѝ даде половина од куќата.

Во тој документ таа го опишала Колинс како човек кој што не ги миел забите со месеци, пренесува „Page Six“.

Таа тврди дека Колинс во 2017-та година почнал многу да пие и дека често имал прекумерна количина алкохол во своето тело.

Неколку пати додека бил во таква состојба паднал на главата, а во болница се пријавувал под псевдоним. Неговата поранешна сопруга раскажала дека тој своевремено паднал и на сцената во текот на неговиот настап затоа што бил опиен.

Phil Collins back with wife Orianne Collins six years after paying her £25  million in divorce - Mirror Online
 

Исто така таа тврдела дека до 2019-та година Колинс станал подепресивен, повлечен, со насилнички нагони, а откако го оперирал грбот станал зависен од антидепресиви и таблети против болки.

„Не можевме да имем секс“, потврдила таа.

„Престана да се тушира, да ги мие забите и да се облекува нормално“.

Соработниците на Колинс велат дека нејзината пријава за судот содржи лажни, нематеријални, дрски, скандалозни и превртливи обвиненија кои што немаат никаква врска со барањата во овој случај.

„Човекот има сериозен невролошки проблем поради кој што мора секојдневно да консумира лекови, а тоа значи дека понекогаш можеби и може да падне на сцена“, велат сведоците.

„Тој моментално е во Велика Британија на проби со бендот“, додал изворот.

„Да беше во таква состојба, немаше да може да функционира“.

Top