Сега или никогаш: Невеста одлучила да се венча по секоја цена, му упаднала на вереникот на....

Поради пандемијата на коронавирусот која предизвика хаос ширум светот уште од јануари, многу венчавки беа откажани поради забраните за собирање.

Меѓутоа, една невеста ги зела работите во свои раце и одлучила дека венчавката ќе се одржи по секоја цена, не бирајќи го местото за истата. 

Имено, во трговската куќа „Таргет“ во Лас Вегас, случајните минувачи снимиле една девојка облечена во венчаница и со маска на лицето која трчала наоколу и го барала својот вереник. Идната невеста не била сама - таа со себе ги „понела“ и клучните лица за одржување на свадбата како свештеникот, кумот и деверицата.

 

@boymom_ashley

Part 1. The best part of my week? watched this woman hunt her man down that works at target !!  ##target##bridzilla##lasvegas

♬ original sound - Ashley

Корисникот на ТикТок @boymom_ashley објавил видео во два дела на кои се гледа одлучната невеста како го бара вереникот, решена да се венча - сега или никогаш!

Младоженецот, секако, останал шокиран од целата ситуација и не можел да поверува што се случува.

„Веќе 2 години носам веренички прстен на раката, сега е време сето тоа да го официјализираме или раскинуваме. Просто е, ќе се венчаме сега или никогаш!“, рекла невестата.

 

@boymom_ashley

The best part of my week? part 2 watched this woman hunt her man down that works at target !! ##target##bridzilla##lasvegas##fyp##fypシ

♬ original sound - Ashley

Кога забележала дека голем број луѓе ја снимаат, се свртела кон камерата и порачала дека го тера партнерот конечно да се „скраси“.

Идниот младоженец успеал да ја наговори невестата да разговараат надвор од продавницата и големиот број камери упатени кон нив, по што заедно со нивното друштво ја напуштиле продавницата.

Top