Само во Србија: Скандал во Лесковац - болница рекламира ракија (ФОТО)

Голема прашина се крена откако на социјалните мрежи започна да кружи фотографија од болницата во Лесковац, на која се гледаат вработени во обезбедување во елеци – рекламираат ракија.

Имено, на страницата на Фејсбук “Лесковац е наш град”, се појави фотографија на работник од обезбедување кој на елекот пишува – „Тривунова ракија“, заедно со натписот „Општа Болница Лесковац“.

Администраторите на страницата остро реагираа:

„Не е нормално здравствените работници да носат реклами за алкохол на своите униформи, ниту е нормално за град и болница кои даваат 430 000 евра само за да нацртаат проект, а да немаат пари за елеци за своите вработени. Ве потсетуваме дека канцеларијата на портирот на болницата Лесковац се наоѓа во непосредна близина на одделот за третман на алкохолизам. Срамота! Срамете се!“

Top