Што може да ти се случи со онлајн настава: Во собата прошетала неговата мајка – целосно гола...

Поради пандемијата коронавирус, многу од учениците сега наставата ја слушаат по пат на видеоповици и најчесто преку апликацијата „Zoom“.

Момчето Тајвион, засекогаш ќе жали поради тоа што неговото училиште одлучило некои од предметите кои што ги учи да ги слуша онлајн.

Момчето, додека ја слушало наставата во својата соба и имало вклучено камера, во просторијата одненадеш прошетала неговата мајка - и тоа целосно гола.

Во видеото кое што трае 14 секунди, а кое што многу брзо се проширило на интернет, може да се види како момчето покажува со раката зад себе, а потоа во кадар се појавува неговата мајка која што бара нешто.

Кога сфатила што се случува, наставничката почнала да му вика на момчето да ја исклучи камерата, а мајката веднаш истрчала од собата.

Видеото на социјалната мрежа Твитер било прегледано над 5.5 милиони пати, а се појавиле и многубројни коментари кои што биле урнебесни.

„Тоа што најмногу ме насмеа е изразот на лицето на детето“ - напишал некој корисник.

„Не можам да престанам да се смеам“ - додал некој друг.

Top