Знаци кои ја издаваат – вака се однесува жена која што доживува оргазам во текот на сексот

Жените секогаш тежнеат да доживеат оргазам, а понекогаш се случува да го одглумат само за да не го повредат својот партнер.

Сепак, истражувањето покажало дека овие знаци ја издаваат жената во текот на сескуалниот однос, за тоа дали доживеала оргазам.

Ширење на зениците, црвенило на градите, забрзано дишење... Сето тоа може да биде знак дека жената доживеала оргазам. Покрај тие знаци постојат и други, и тоа следните:

Телото станува понапнато

Кога жената доживува оргазам, вообичаено го напнува своето тело и ги контрахира мускулите, а понекогаш може и цврсто да ве фати или пак да ве изгребе за момент.

 

Стегање на вагиналните мускули

Мажите понекогаш можат да почувствуваат кога жената доживува оргазам и тоа на начин на кој што го чувствуваат нејзиниот вагинален мускул околу својот полов орган.

Поглед

Погледнете ја вашата партнерка во кревет, и тоа право во очи. Доколку тешко се фокусира на вас или пак зениците ѝ се шират, голема е веројатноста да доживеала оргазам.

Затворање на очите

Понекогаш жената може да ги затвори своите очи додека доживува оргазам, а ќе ги отвори кога задоволството ќе помине.

Сјајот на кожата

Откако ќе доживее оргазам, треба да ја погледнете во нејзиното лице. Постигнувањето на оргазмот влијае на тоа крвта побрзо да протекува во вените, па очигледно е дека кожата прима посебен сјај.

Top