Ги навредува мажите и од тоа заработува 6.000 долари месечно, а парите ги троши на...

Транссексуалката Софија Липс месечно заработува повеќе од 6.000 долари, навредувајќи ги мажите на интернет.

Кога наишла на заедница во која мажите за возврат на тоа што жените ги навредуваат - им даваат пари, видела можност и решила да се збогати од тоа, пренесува „Mirror“.

„Мојот свет сосема се промени. Едно утро добив порака од маж кој ме праша што може да направи денеска за мене. Му реков да ми испрати 1700 фунти и цел ден да испраќа пораки 'морам да ја почитувам господарката Софија'. Цел ден ги праќаше, а јас ги добив парите“, раскажала таа.

Дел од парите ги заработува и преку продажба на своите фотографии, а целата заработка воглавно ја троши на пластични операции. Кај пластичен хирург досега потрошила повеќе од 60.000 долари.

View this post on Instagram

??

A post shared by Sofia.lips ? (@sofia.lips) on

„Бидејќи сум транссексуалка, имам неколку делови од лицето кои не ми се допаѓаат, па ќе ги променам. Иако веќе со години одам на пластични операции, ова е само почеток за мене. Ќе се променам од глава до пети и сакам многу екстремен изглед“, рекла таа.

Досега ги оперирала усните, носот, вилицата, образите, па дури и веѓите. Рекла и дека мажите постојано ѝ испраќаат романтични понуди и дека ѝ пристигнуваат и подароци.

„Некои мажи ми се навистина чудни. Ми се заблагодаруваат, бидејќи им ги земав сите пари кои ги имаа и продолжуваат со својот ден. Навистина е лудо, но ја обожувам оваа работа“, заклучила таа.

Top