Беше секс симбол на 90-тите, а потоа го уништила лицето со операции

Станала секс-симбол на 90-тите и остварила неколку забележани улоги во филмовите како "Man in Black" и "Happiness", но ништо не оставило трага како улогата на Дона во "Twin Peaks".

Американската актерка Лара Флин Бојл популарноста и славата ги стекнала во серијата "Twin Peaks". Имала 20 години кога ја добила улогата на Дона и сите веднаш ја забележале синооката актерка која зрачела со сексапил. 

Во текот на снимањето на "Twin Peaks" била во врска со Кајл МекЛахлан, и поради нивната љубовна врска дури и се менувале сценаријата.

 

На почетокот на 2000-тите години на нејзината убавина и шарм паднал и Џек Николсон, а по љубовниот крах со Николсон Лара станала зависна од естетски зафати кои целосно го изобличиле нејзиното лице и ја направиле непрепознатлива.

Актерката не можела да се носи со природниот процес на стареење и се обидела да го забави, но ефектот бил сосема спротивен и сега таа е дел од онаа група од холивудски актерки кои се пример за тоа како одењето под нож може да ја уништи природната убавина.

Естетските хирурзи велат дека актерката го оперирала носот и претерала со ботоксот, кој и го изобличил лицето.

 
 
 

 

primer 8

Top