Погледнете ја куќата на Лука Модриќ која е 10 пати поскапа од претходната, а внатре...

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ поседува луксузна вила во Мадрид, во северниот дел од шпанската престолнина, а од неа ќе ви запре здивот.

Објектот во кој живее со неговата сопруга Вања и децата се проценува на вредност од 12.3 милиони евра, а куќата поседува девет спални соби и исто толкав број на тоалети, но и сопствено кино.

Најдобриот играч на планетата за 2018-та година, со семејството може да се опушти и во сопствена сала за проекција на филмови и серии.

Објектот поседува четири соби за гости, голема дневна соба, канцеларија со поглед кон дворот, салон...

Моментите за одмор, Модриќ може да ги помине покрај базенот или пак просторијата наменета за масажа, а покрај тоа тој поседува и гаража за паркинг во која што се сместени 10 автомобили.

Имотот се протега на 10.000 метри квадратни, од кои 2.700 зафаќа само куќата.

Овој дом е повреден од претходниот во кој што живеел, затоа што претходната куќа која што исто така се наоѓа во таа населба чинела околу 2.3 милиони евра, а покрај сето тоа што го наведовме погоре, таа поседува и вински подрум.

primer 8

Top