Џеј Ло ги воодушеви фановите со фотографија од вежбална: Разбушавене и испотена

Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави фотографија од теретана и ја покажа завидната линија во спортско издание.

„Ако не ти претставува предизвик, нема ни да те промени“, напишала 50-годишната пејачка под фотографијата на која позира без шминка, а косата ја врзала во неуредна пунџа.

Објавата за само неколку часа собрала повеќе од 2 милиони лајкови.

„Предизвикот е прифатен“, „Бог е жена и нејзиното име е Џеј Ло“, „Мора да дојдам да вежбам со тебе и да се вратам во форма“, се само дел од коментарите од нејзините фанови.

Пејачката е позната по дисциплината и строгиот режим кога станува збор за вежбањето и здравата исхрана. 

primer 8

Top