Барала да се соблече гола бидејќи не сакала да носи евтин градник!

Американската актерка Скарлет Јохансон во 2005 година сакала да се соблече топлес за потребите на снимањето на љубовната сцена во филмот “The Island”, но режисерот Мајкл Беј не ѝ дозволил.

Имено, Мајкл во едно интервју открил какво искуство имал со една од најплатените актерки на сите времиња, на снимањето на филмот пред 15 години. Тој бил ужаснат кога Скарлет инсистирала да се соблече топлес за потребите на љубовната сцена бидејќи темата била поинаква и немало потреба од голотија.

Тогаш 20-годишната убавица го повикала Беј до својата приколка на сетот и луто одбила да носи обичен црн градник во сцената со постариот колега, шкотскиот актер Јуан Мекгрегор.

Режисерот едвај ја наговорил Јохансон да не ја снима голата сцена и години подоцна за магазинот “Empire” изјавил:

“Ја знаете онаа ситуација, познат режисер оди во приколката на актерката пред таа да снима љубовна сцена. Си реков: Добро, спремен сум за снимање на љубовната сцена на Јуан и Скарлет и потоа помислив: Ох Боже, таа нема да сака да ја снима сцената”.

“А таа ми вели: Не сакам да го носам овој евтин црн градник! Ќе се соблечам гола”, открил Беј.

 

“Ѝ кажав: Но, Скарлет, не можеш да бидеш гола, тоа е PG-13, класична приказна, нема голи сцени”.

Режисерот некако успеал да ја наговори актерката да не ја снима голата сцена, а филмот “The Island” стана еден од најгледаните филмови во кино салите, со заработка од 162 милиони долари ширум светот, но доби и Оскар во категоријата за научна фантастика.

“Скарлет е одлучна, морам да признаам”, заклучил познатиот Мајкл Беј.

primer 8

Top