Богатите деца од Србија се надминаа себеси: Снимките кои кружат на социјалните мрежи се доказ за нивната бесрамност

Богатите деца од Балканот можеби не објавуваат фотографии од луксузни патувања, но доколку ги погледнеме нивните фотографии и видеа од вечерните излегувања, слободно можеме да кажеме дека се во чекор со трендовите кои ги диктираат нивните врсници од Русија, Англија, Америка и останатите земји.

На Твитер се појави нова снимка од богатите тинејџери од Србија кои овој пат освен стандардното полевање на скапоцените часовници, отишле еден чекор понапред – тие ги миеле своите лица и раце со алкохолни пијалаци чија цена во клубовите достигнува речиси половина од една српска просечна плата. 

Нивните забави во една вечер често изнесуваат и по неколку илјади евра, а списокот на бесрамно трошење на парите е долг – од полевање на скапоцените часовници, “туширање” со шампањ, до палење на банкноти и ставање на часовниците во сад со мраз во кој претходно додале вотка или некој друг алкохол.

Токму поради тоа, најчестиот коментар кој може да се забележи под нивните видеа е: “Како не ви е срам?”.

 

View this post on Instagram

braca trose jako?

A post shared by #bahataomladina (@bahata_omladina_balkan) on

Нема сомнеж дека богатите деца од Балканот уште долго ќе објавуваат бизарни фотографии и снимки од своите излегувања и само прашање на време е што следно ќе им падне на ум.

 

 

View this post on Instagram

brat objasnio kako detaljno oprati sat????

A post shared by #bahataomladina (@bahata_omladina_balkan) on

View this post on Instagram

Dezinfekcija ?

A post shared by #bahataomladina (@bahata_omladina_balkan) on

primer 8

Top