Не можев да одам следниот ден! Баба отворено зборува за сексуалниот однос со своето помладо момче

Љубовта не познава никакви предрасуди, боја на кожа, религија, пол, а судејќи според најголемиот хит во светот моментално ниту годините не се пречка.

Бабата со име Ирис од Велика Британија, која стана позната поради својата врска со повеќе од шест децении помладото момче, повторно ги изнесе во јавноста пикантериите од нивниот однос.

Британската пензионерка Ирис Џонс (80) ги шокирала водителите во емисијата „Ова утро“ кога отворено и детално раскажала како изгледал нејзиниот интимен однос со 35-годишното момче.

„Првата ноќ беше опасна. Никој не ме допрел 35 години, како повторно да сум девица. Потрошивме цела туба лубрикант. Не можев да одам следниот ден. Се чувствував како да јавам коњ, само што немаше рани од седлото. Но тоа не не спречи“ - раскажала бабата, а водителите не можеле да си дојдат при себе од смеење.

Мухамед, инаку ја запросил Ирис штм таа го посетила, а благослов им дала и неговата мајка која има 70 години, а која е десет години помлада од неговата идна сопруга.

Ирис сега собира пари за да се врати во Египет и да се омажи за својот избраник. 

Top