Бијонсе во жешка тоалета со шлиц, фановите се прашуваат дали носи гаќички

Бијонсе присуствувала на забава која претходни на престижните Греми награди, кои ќе се одржат вечер меѓу недела и понеделник.

Популарната пејачка Бијонсе позирала во елегантна тоалета со длабоко деколте и шлиц до страната, поради што сите коментирале дека пејачката не носи долна облека. 

Бијонсе своите фанови на социјалните мрежи ги почестила со низа секси фотографии кои настанале кога пејачката се дотрела за забавата на продуцентот Клајв Дејвис, која претходи на доделувањата на престижните Греми награди.

Пејачката била во долга црвена тоалета која ја истакнувала нејзината фигура, а позирала со исфрлена нога пред себе. Бидејќи процепот на тоалетата бил дури до страната, многумина искоментирале дека под креацијата Би не носела гаќички.

 

Бијонсе е номинирана за Греми и тоа во неколку категории - за најдобра соло изведба, за најдобар соло албум, за најдобра песна напишана за визуелни медиуми и за најдобар музички спот.

 

"Жешка како пекол", "Како божица си", се некои од коментарите.

Нејзините фотографии во провокативната тоалета за само еден час имале повеќе од милион лајкови на социјалната мрежа Инстаграм.

 
 
 

 

Top