Ја продала својата невиност за 1.2 милиони евра! А сега открива на што ќе ги потроши парите

Екатерина е 19-годишна девојка која неодамна ја продала својата невиност за 1.2 милиони евра по пат на интернет страницата „Cinderella Escorts“, а сега проговорела за причините поради кои го направила тоа.

На страницата се појавила под името Катја, а по потекло од североисточна Украина иако моментално живее во САД. Дека е девица потврдил доктор, а за нејзината невиност барала најмалку 100.000 евра.

Оваа седмица било објавено дека нејзината невиност “ја купил“ некој бизнисмен од Минхен. Втората најголема понуда изнесувала еден милион евра, а била понудена од њујоршки адвокат.

Пејач од Токио ѝ нудел 800.000 евра. Имињата на понудувачите и деталите за нив ќе останат тајна.

 

Парите кои ќе ги добие Екатерина планира да ги потроши на “патувања и луксузен живот“. Мажот кој ја купил нејзината невиност изјавил дека е подготвен и да се ожени со неа и секој месец да ја финансира со 8.500 евра.

За да ја понудат својата невиност претходно девојките мора да појдат на преглед кај доктор и истите да потврдат дека се девици.

За мажите да делуваат во таа акција, мора да докажат дека на сметка имаат барем 10 милиони евра. Сите кои сакаат да надоместат одредена девојка мора да положат десет отсто од минималниот индекс како аконтација. 

Top