Сите луксузни куќи, вили и замоци на рускиот милијардер Роман Абрамович

Ви го откриваме неверојатното портфолио на недвижнини на рускиот милијардер вредно речиси 200 милиони евра.

Тука се двете престижни адреси во Лондон, една на Кариби, француски замок и уште многу од тоа.

Секако дека тука е и неговата најнова адреса во Тел Авив до која дошол поради проблеми со визата во Велика Британија.

Оваа недела се дозна дека тој се обидува да го дуплира својот “животен простор“ со својата нова вила. Всушност зданието кое ќе биде претворено во негова вила со дванаесет спални соби е некогашен хотел кој тој го платил 20 милиони евра.

Без оглед на своите проблеми со визата, Роман Абрамовиќ кој вреди минимум 11 милијарди евра и понатаму поседува некои од неговите најдобри недвижнини во Лондон.

Тука е масивната вила во Кенсингтон палатата Гарденс која уште се нарекува и Милијардерска вила како и транспортен пентхаус кој го купил во ексклузивниот станбен блок Челси Ватерфронт.

Покрај тоа, тој поседува имот ширум светот вклучувајќи ја и скијачката ложа во стилот на Џејмс Бонд и ранч во САД, рајска викендица на Карибите и замок на југот од Франција.

1. Kensington Palace Gardens - 140 милиони евра;

 

2. Chelsea Waterfront - 35 милиони евра;

 
 
 

3. Chateau de la Croe - 98 милиони евра;

 

4. Скијачки ранч во Колорадо - 20 милиони евра

 
 

5. Имот St Bart's - 60 милиони евра;

 

6. Tel Aviv Hotel - 19.27 милиони евра

 
 
 

7. Московска резиденција - непозната вредност;

8. Мегавила во Њујорк - непозната вредност;

 

9. Имот Fyning Hill - непозната вредност;

 

10. Lowndes Square - 78 милиони евра.

Top