Драма во вилата на фудбалерот на Лестер! Лежела гола на креветот, а потоа упаднале напаѓачи со....

Кошмар за семејството на познатиот фудбалер. Четворица мажи се снимени на камерa како упаѓаат во домот на играчот од англискиот клуб Лестер, моментално второпласирана екипа во Премиер лигата, Демараи Греј (23), а конечно почнало судењето на кое неговата 22-годишна девојка Ема Хикмен ги изнела шокантните детали.

Во куќата во тој момент била само таа, лежела гола на креветот со нивниот син стар само шест седмици, а нејзиното момче било на пат кога во куќата влегле провалници држејќи големи ножеви во рацете, а на младата мајка ѝ се замрзнала крвта во вените.

„Бев гола и не се помрднував“ - рекла таа.

Маскираните напаѓачи носеле со себе мачети, чекани и ножеви, а деталите Ема ги раскажала во бирмингемската полиција, пренесуваат англиските медиуми. Провалниците на главите носеле фантомки за да го сокријат својот идентитет, а на крајот успеале да побегнат со 24.000 фунти (околу 28.000 евра) и многу накит.

„Спиев, кога некој влета во мојата соба“ - рекла Ема во судот и додала:

„Сите беа вооружени, еден дури имаше и нож кој изгледаше како меч. Кога го видов тоа ми беше јасно што се случува. Бев гола и останав под прекривката кога ги видов. Ми кажаа дека нема да ми наштетат мене. Сакаа само пари“ - тврди девојката на фудбалерот од Лестер.

„Ќе ти купи момчето нов часовник“ - ѝ рекле тие.

Девојката изјавила дека напаѓачите го обвиниле нејзиното момче дека е “генгбенгер“ и сакале да дознаат кога тој ќе се врати. Освен тоа украле и скапоцен часовник и ѝ кажале на Греј дека момчето ќе ѝ купи нов.

Ема се обидела да се заштити велејќи им дека нејзната мајка живее спроти нивната куќа, но напаѓачите ладнокрвно ѝ одговориле дека мајка ѝ ќе “настрада“ доколку дојде.

Барале жртва на Гугл

Полицијата нашла осомничени, а меѓу нив е Арон Џонс (28) кој само три дена пред грабежот пребарувал на интернет “Demarai Gray Leicester City“. Сепак тој го демантирал неговото вклучување во грабежот.

Покрај него обвинети се уште тројца мажи од кои Николас Ротеро (34) и неговиот син Кори (18) кои го признале грабежот и Тајер Гринвер (19) кој се изјаснил како невин.

Top