Црногорецот кој ѝ е десна рака и најдобар пријател на Ким Кардашијан признал: „Цел живот ми е лага“

Момчето со име Марио признало дека плачело постојано кога ѝ признало на својата мајка една од неговите најтешки работи со која се носи.

Албанец, по потекло од Црна Гора, Марио Дедивановиќ денес е еден од најпознатите шминкери, а веќе долги години живее и работи во Америка.

Тоа што веројатно најмногу го прославило е тоа што е еден од најдобрите пријатели и соработници на една од најголемите ѕвезди - Ким Кардашија.

Марио добил награда за најдобар уметник меѓу инфлуенсерите, а во сите говори кога ги примал наградите првпат јавно признал дека е хомосексуалец.

Раскажал дека конечно може да стане и гордо да каже дека е хомосексуалец, а потоа ја спомнал и Црна Гора и како што рекол, таму животот не е едноставен за оние кои се поразлични.

„Пред неколку денови, на 73-от роденден на мојата мајка, дојдов од работа по напорен ден. Таа ми ги переше алиштата, а јас почнав да плачам. Конечно ѝ признав дека целото мое детство го поминав сонувајќи за моите соништа, чувства и креативност, обидувајќи се да бидам невидлив за никој да не знае како се чувствувам одвнатре“ - раскажал шминкерот.

„Знаев дека сум поразличен. Имав трауми поради тоа што сум таков. Живеев во страв цел живот. Се срамев. Мајка ми ми кажа: „Од денес па натаму нема ниту да се плашиш ниту да се срамиш““ - низ солзи раскажал тој.

Наградата лично му била доделена од неговата најдобра пријателка Ким Кардашијан, која кога му ја врачувала истакнала дека Марио го гледа како брат.

„Работиме заедно 11 години, што значи 11 години караници. Нема да поверувате колку се караме, како да сме брат и сестра. Но, тој ги создаде некои од моите омилени спомени и верувам дека ме направи личноста која што сум денес. Го сакам“ - накратко рекла Ким.

Top